Search

„Паднатата мадона со големи цицки“ од легендарната серија продадена на аукција

Сликата на „Паднатата мадона со големи цицки“ од легендарната британска хумористична серија „Ало, ало“ била продадена за рекорден износ на аукција во Англија, пишува Мирор.

Цената по која била продаден портретот на „ Потклекнатата девица со големи гради“ достигнала цена од 15.000 фунти, или многукратно поголема од почетната што било изненадување и за самата аукциска куќа.

Сликата на фиктивниот уметник, Ван Кламп беше една од централните реквизити во популарната серија и го прикажуваше разголениот лик на жена зад која се гледа планина. Целата приказна во серијата се вртеше околу сликата, односно сите ликови се трудеа да ја задржат бидејќи вредела огромно богатство.

Повеќе од десет години сликата висела на ѕид во дневна соба во Мидлендс, но кога аукциската куќа East Bristol Auctions ја понудила на продажба не очекувала толку голем интерес. Соптвеникот, кој ја купил сликата од продуцентите по завршување на снимањето, на почетокот барал 5.000 фунти, но на крајот добил три пати повеќе.

Иако не беше откриено името на купувачот, од аукциската куќа потврдија дека станува збор за купувач од Франција. Конкретно, за лице од Нувион, каде што се одигруваше дејството во серијата.
Во популарната серија, сопственикот на кафеаната Рене Артоа постојано го крие насликаното платно од нацистичките офицери, најчесто во колбас, под кошулата или во панталоните.

Се претпоставува дека сликата е насликана од еден од дизајнерите на сетот на легендарната серија. Тогаш за потребите на снимањето се направени повеќе копии, но се чини дека само една „преживеала“.

Аукционерот Ендрју Стоу пред понудата ја опишал сликата како уникатен дел од телевизиската историја.

Треба да знаете
Последни објави