Search

Паднал од мотор, па го прегазил автомобил, а возачот избегал

На 14.08.2019 во 19,40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Ферид Бајрам Џ.К.(60) од Скопје управувајќи моторцикл “Сузуки “ со косовски национални ознаки паднал на коловозот, а потоа бил удрен од патничко моторно возило “Хундаи Атос“ со скопски регистарски ознаки, кое го напуштило местото на настанот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави