Search

Павлопулос ѝ честиташе на Сакеларопулу

Претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос денеска телефонски разговараше со неговата наследничка, со новоизбраната претседателка на земјата Екатерини Сакеларопулу за да ѝ честита и да и посака успех во извршувањето на нејзината должност, соопштија од претседателската палата, јави дописничката на МИА од Атина.

Мандатот на Павлопулос завршува на 13 март 2019 година кога Сакеларопулу ќе положи свечена заклетва и ќе ја преземе функцијата, со што ќе стане првата жена претседател во историјата на Грција.

Треба да знаете
Последни објави