Search

Павлопулос го прифати предлогот на Ципрас да распише предвремени парламентарни избори

Претседателот на Грција Прокопис Павлопулос, попладнево, на средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас го прифати предлогот за распуштање на Парламентот и распишување предвремени парламентарни избори, јави дописничката на МИА од Атина.

По средбата и прифатениот предлог од Павлопулос, на влезната врата од грчкиот Парламент, веројатно утре наутро ќе се закачи Претседателскиот декрет за распуштање на Парламентот.

Предвремените парламентарни избори во Грција, како што е веќе познато, ќе се одржат на 7 јули.

Час и половина по средбата со Павлопулос, односно во 20 часот по локално време, Ципрас ќе ја претстави програмата на СИРИЗА за следните четири години.

Грчкиот премиер ја донесе одлуката за предвремени парламентарни избори откако СИРИЗА загуби со голема разлика од Нова демократија на европските избори пред две седмици.

Треба да знаете
Последни објави