Search

Павлов се закити со сребрен медал на светското првенство во карате

Македонскиот каратист Емил Павлов попладнево на претпоследниот ден од Светското првенство во Дубаи го освои сребрениот медал, откако во финалето во категоријата борби до 67 килограми загуби од апсолутниот шампион Стивен Дакоста од Франција со 0-8.

Актуелниот олимписки, светски и европски првак заслужено ја одбрани светската титула, а Павлов и покрај поразот го постигна најголемиот успех на личен и репрезентативен план, освојувајќи го вториот медал во историјата на светските првенства за македонското карате, по бронзата од 2010 година во Белград на актуелниот репрезентативен капитен Жарко Арсовски.

Двократниот европски првак од Тампере 2014 и Нови Сад 2018 на патот до најголемиот успех во кариерата дојде со пет победи над Матеј Хомола од Словачка, Садридин Сајматов од Узбекистан, Јорданецот Абдалах Хамат, Али Елксави од Египет и Унгарецот Мартиал Тадиси.

Треба да знаете
Последни објави