Search

Павловски: Потребна е опрема за дигитализација на филмскиот фонд и поголема независност на Агенцијата за филм

Агенцијата за филм, во последните години има огромен успех особено со филмот Медена земја, кој е претендент за највисоката филмска награда Оскар, истакна доцентот на факултетот за драмски уметности, филмскиот монтажер Владимир Павловски на трибината Култура 20 24, во организација на СДСМ

Тој додаде дека е потребна поголема презентација на успесите, за генералната публика да биде повеќе информирана за нив и предложи поголема финансиска независност на Агенцијата за филм.

Павловски ја пофали соработката на Факултетот за драмски уметности со Агенцијата за филм, која ги прикажува дипломските дела на студентите на ФДУ, од кои еден е добитник на гранд при на фестивал во Њу Делхи, а друг е емитуван на филмскиот фестивал во Сараево.

Тој се заложи за одредување на минимален хонорар за да можат продукциите да планираат минимални буџети и за раздвижување на активностите за привлекување на странските продукции.

Филмскиот центар Вардар филм, би требало да биде технички центар за поддршка, каде би се обратиле филмските професионалци за техничка поддршка. Кинотеката на Северна Македонија треба да купи опрема за дигитализација, за да не се одлеваат средства надвор за дигитализација на филмскиот фонд, порача Павловски.

Како предлози за подобрување на културната дејности, доцентот на факултетот за драмски уметности, филмскиот монтажер Владимир Павловски на трибината Култура 20 24, во организација на СДСМ, предложи намалување на давачките за музичките инструменти, уметниците да ги користат јавните простори, кои не се искористени, но повика и на регулација на авторските права.

Линк до видео: https://youtu.be/JLyYG6ntVAY

Треба да знаете
Последни објави