Search

ОЈО со казни од по 2.000 евра за гостиварец и битолчанец кои го прекршиле полицискиот час

Основното јавно обвинителство Битола поднесе Предлог за определување казнен налог против едно лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 32-годишник, на 24 март околу 22:00 часот бил затекнат како се движи по улица „Илинденска“ во Битола, со што не ги почитувал донесените прописи и мерки за спречување и сузбивање на коронавирусот COVID-19 и забраната за движење на населението во периодот од 21:00 до 05:00 часот.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на судот на обвинетиот да му изрече парична казна од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да се определи на 20 евра во денарска противвредност.​

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлог за издавање казнен налог за лице кое вечерта на 24 март, по 21.00 часот управувало со патничко моторно возило  по улиците на Гостивар, во период кога е на сила забраната за движење. Со тоа, обвинетиот за време на епидемијата на опасна болест COVID 19 не постапил според прописите и упатствата со кои беа определени мерки за сузбивање и спречување на коронавирусот и  го сторил кривичното дело – Непостапување според здравстевни прописи во време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар предложи на судот, на обвинетиот за стореното кривично дело да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби.​

Треба да знаете
Последни објави