Search

ОЈО се жали на ослободувањето од притвор на возачот на автобусот на Дурмо турс

Решението на судот се однесува на возачот на автобусот обвинет за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот  од чл.300 вв чл.297 ст.1  и на раководителот на станицата за технички преглед обвинет за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот  од чл.300 вв чл.299 од Кривичниот законик.

Обвинителството во поднесената жалба истакнува дека и натаму постои опасност од бегство на обвинетите како основ за притворска мерка и дека ниту една друга мерка не е доволна гаранција за обезбедување на нивното присуство во текот на кривичната постапка.

Треба да знаете
Последни објави