Search

ОЈО: Истрага за дилер на марихуана и амфетамини

ОЈО Скопје започна истрага за осомничен за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, информираат од ОЈО.

„При претрес во домот на улицата Охридска, во кој престојувал осомничениот 36-годишен скопјанец, била пронајдена марихуана со вкупна нето тежина од 276,43 грама, како и психотропна супстанција – амфетамин со вкупна нето тежина од 486,06 грама. Освен ова, во домот биле пронајдени и полиетиленски пакувања со 29 таблети со жолта боја и втиснато лого „ТЕСЛА“ кои претставуваат психотропна супстанција 3,4 метилен-диоксиметамфетамин (МДМА), како и дигитални ваги и стаклен тас со остатоци од наркотични дроги и психотропни супстанции.

Бидејќи се исполнети законските основи  и дека постојат околности кои укажуваат на опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице“, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави