Search

ОЈО бара притвор за струмичанецот кој силувал девојка со пречки во развојот

Полицијата уаспила струмичанец кој вчера силувал девојка со пречки во развојот. ОЈО Струмица против осомничениот на возраст од 32 години побара притвор.

Според обвинителствотот, осомничениот вчера во струмичкото село Муртино околу 10.30 часот го искористил претходното познанство со жртвата и извршил обљуба. Тој како вработен во претпријатие за собирање отпад претходно се сретнал со оштетената, при што ја осознал нејзината состојба како и домот во кој живее. Во момент кога жртвата била сама, осомничениот го извршил делото. По пријава од родител на жртвата, осомничениот е веднаш лишен од слобода.

-Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот за сторено кривично дело Обљуба на немоќно лице од член 187 став 2 од Кривичниот законик. Едновремено, обвинителот ценеше дека се исплонети законските основи, па до Основниот суд Струмица достави предлог за определување на мерката притвор. Судот го прифати предлогот на осомничениот и со Решениe му определи притвор во времетраење од 30 дена, велат од ОЈО.​

Треба да знаете
Последни објави