Search

ОЈО бара притвор за Косовецот фатен со 14 килограми марихуана

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице, државјанин на Република Косово, осомничен за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Осомничениот бил уапсен завчера вечерта во близина на ГП Блаце откако полицијата кај него пронашла 14 полиетиленски паковки со марихуана во тежина од 14 килограми.

„Јавниот обвинител оцени дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на осомниченото лице, како и особени околности кои го оправдуваат стравот дека  ќе го повтори кривичното дело,  поради што до судија на претходна постапка при Основниот суд  Скопје 1 Скопје достави предлог за определување на мерката притвор“, се вели во соопштението на Обвинителството.

Треба да знаете
Последни објави