Search

Охрид го осуди инцидентот меѓу советниците од Беса и од ДУИ

Локалната самоуправа го осуди вчерашниот инцидент меѓу советниците за време на седница на Општина Охрид и смета дека тоа не доликува на избрани претставници на граѓаните.

„Советници се гласот на граѓаните, а Советот највисок претставничи орган, кој треба и мора да работи во интерес на граѓаните и решавање на нивните потреби.
Сметаме дека ваквото однесување е изолиран инцидент и нема да се повтори во иднина и ги повикуваме советниците да се однесуваат во духот на демократијата и почитување на различните мислења“ се наведува во реакцијата од локалната самоуправа.

Движењето Беса објави дека нејзин советник бил физички нападнат од советник од ДУИ на вчерашната седница на Советот на Општина Охрид.

Треба да знаете
Последни објави