Search

Офшор компанија- странска инвестиција или можност за затајување данок

Дури 40 отсто од странските инвестиции во Бугарија доаѓаат од офшор комании. Според анализа на бугарските економисти дури 10 билиони долари годишно од овие комании звршуваат како странски инвестиции во земјите во светот. 24 инфо се обиде да дојде до податок колку пари се вртат во Македонија од овие фирми. Но за Македонија нема податок иако со „Панамските документи“ од пред неколку години се знае податокот дека дури 28 македонски фирми имаат сопственичка поврзаност со фирми од Британските Девствени острови, 9 имаат сопственици од Панама и 5 од Белизе.  Од минатата година на сила се законски измени кои важат за сите оф-шор компании што инвестираат во Македонија. За истите да вложат пари во земјава мора да ги соопштат вистинските сопственици и да го достават целокупниот историјат на фирмите кои се регистрирани во даночните раеви.

 

Панама, Белизе, Бермуда, Кајманските Британски Девствени острови, како и Панама, Ангила и Гибралтар се типичен пример за даночен рај. Во Бугарија повеќе од 40% од странските директни инвестиции доаѓаат од такви земји. Овие држави создаваат предуслови за полесен пристап до заштеди на газдите и потоа парите многу лесно завршуваат во земјите со помалку развиени економии. Во последното истражување направено од страна на бугарските економски експерти стои дека половина од директните странски инвестиции на Балканот доаѓаат токму од овие фирми. Од сумата која излегува легално од овие даночни раеви на годишно ниво во блага форма се добива вртоглавица.

Поимите “офшор компании” и “офшор зони” во секојдневниот живот се поврзуваат со можност за даночно затајување. Всушност, нивната употреба е нормална практика, и што е уште понелогично се е во рамки на законот- стои во истражувањето.

Даночните раеви имаат добро развиена банкарска мрежа која пак ја користатат странски државјани кои лесно регистрираат фирми кај нив. Покрај тоа, водењето на бизнис на компанија регистрирана во горе споменатите држави бара минимално или никакво откривање на информации за сопственикот на истата. Даночните стапки се ниски или нула, а прописите се добри за бизнисот. Овие центри обично се нарекуваат даночни засолништа. Типичен пример за ова се Британските Девствени Острови, Бермуда, Кајманските Британските Девствени острови, како и Панама, Ангила и Гибралтар.

Офшор компании се оние кои се вклучени во прекугранични активности и се регистрирани во оф-шор зони. Први на листата од каде почна цела приказна се Британските Девствени Острови, а потоа мрежата се шири на Кајмански Острови и Бермуди. Со овие компании вообичаено раководи претставник или адвокатска фирма и најчесто немаат физичка адреса. Важна карактеристика во создавањето на офшор компании е можноста да се направи разлика помеѓу сопственикот и документите од вистинскиот сопственик. Информациите во јавно достапни документи може да бидат само хартија на која стои друга фирма или физичко лице. Меѓутоа, во реалноста, крајниот или вистинскиот сопственик е друго лице. Неговото име може да се открие во овластените регистри, кои се достапни само за другите сопственици доколку ги има или на доверителите на компанијата. Меѓутоа, нивните информации можат да бидат јавни само ако корисникот го сака тоа. Ова е заеднички принцип во законот на оф-шор зони- стои во истражувањето.

Според бугарските експерти ова не претставува пречка за правилното функционирање на бизнисот, а од друга, обезбедува подобра заштита за сопственост и полесен трансфер на парите.

Според официјалните резултати на светско ниво откако се донесе Иницијатива за спроведување на стандарди за даночна транспарентност и од механизмите за доброволно почитување одделните јурисдикции, ширум светот се собраа дополнителни приходи во вредност од 93 милијарди евра од даноци, камати и казни за десетина години. Само во 2017 година, кога почнува да се применува Вкупниот стандард за известување, меѓу државите се разменети податоци за сметки во вредност од стотици милијарди евра. Ова значи дека приходите од нив ќе бидат оданочени.

И Македонија не е имуна на вакви комании. Голем дел од газдите во земјава имаат регистрирани компании во земји како што се Панама, Сент Винсент, Гренадини, Бермуда, Белизе.Овие  често се дестинации каде што се одлеваат милиони евра од Македонија. Во исто време, овие офшор земји се појавуваат и како најголеми странски инвеститори во земјава. Колкава сума од нив завршува во реалниот бизнис кај нас нема. Од минатата година на сила се законски измени  кои важат за сите оф-шор компании што инвестираат во Македонија. За истите да вложат пари во земјава мора  да ги соопштат вистинските сопственици и да го достават целокупниот историјат на фирмите кои се регистрирани во даночните раеви.

Една од овие фирми е и фамозната „Ексико“ за која има и предмет во Специјалното јавно обвинителство. Во случајот „Империја“ на СЈО стои дека испрани биле речиси 11 милиони евра, а буџетот на Република Македонија бил оштетен за 6.2 милиони евра. Во рамките на истрагата, судот донесе решенија за определување привремена мерка одземање на дел од имотот заради обезбедување на правните лица Орка холдинг АД и Ексико ДООЕЛ Скопје и решенија за привремено да се запре одливот на парични средства од банкарските сметки на Ексико и Тимох увоз извоз ДОО Скопје.

Валентина Ангеловска

Треба да знаете
Последни објави