Search

Офрлено обвинението за сексуален напад против Кевин Спејси

Судскиот процес против холивудскиот глумец Кевин Спејси, за наводен сексуален напад на 18-годишно момче, е прекинат поради „недостапност на оштетениот во својство на сведок”, соопшти Обвинителството во Нантакет, Масачусетс, САД.

На сослушувањето минатата седмица, оштетениот одби да одговори на прашањето – дали ги избришал своите СМС пораки што му ги праќал на Спејси.

Спејси беше обвинет за сексуален напад што се случил во бар во Нантакет пред повеќе од три години.

Треба да знаете
Последни објави