Search

Официјално: Џерард потпиша нов договор со Ренџерс

Менаџерот на Ренџерс, Стивен Џерард, го продолжи за уште две сезони договорот со клубот до јуни 2024 година.

Џерард го презеде клубот од „Ајброкс” минатото лето и го доведе тимот до второто место во првата сезона по враќањето во Премиер лигата.

Ренџерс во моментов е на второто место во привремениот пласман во Шкотска, заостанувајќи 2 бода зад шампионот Селтик по 15 одиграни натпревари.

„Сините” од Глазгов се квалификуваа и за шеснаесетфиналето на Лига Европа.

Треба да знаете
Последни објави