Search

Официјално: Луис Енрике се повлече од репрезентацијата на Шпанија

Луис Енрике веќе не е селектор на шпанската репрезентација поради лични проблеми. Оваа вест беше објавена на вонредна прес-конференција која беше повикана од Луис Рубиалес, претседател на фудбалската федерација.

Поранешниот тренер на Барселона минатото лето ја презеде „фуријата”, но во последниве неколку месеци тој не го предводеше тимот поради проблемите во прашање, за кои не се знае какви се точно.

„Енрике ни кажа дека не може да продолжи. Му благодариме за завршената работа, а вратите за него се секогаш отворени”, рече Рубиалес.

Неговото место ќе го заземе неговиот поранешен помошник, Робер Морено, кој ја водеше Шпанија во последните три натпревари.

Морено беше дел од штабот на Лучо во Селта и Рома, како и во Барселона потоа. Тој беше одговорен за видео анализите на ривалите, но во последниве месеци ги импресионира сите со својата работа и затоа го зема најважниот пост.

Треба да знаете
Последни објави