Search

Официјално: Кинез ги купи Бруклин Нетс за рекордна сума

Кинескиот бизнисмен Џозеф Цаи го купи НБА клубот Бруклин Нетс заедно со нивната сала „Барклис Центар”.

Вкупната вредност на договорот е 2,35 милијарди американски долари, што е рекорд за спортската индустрија во САД.

Најголемите аквизиции до сега се 2,2 милијарди американски долари за Хјустон Рокетс, исто така од НБА и за НФЛ тимот Каролина Пантерс.

Продажбата се очекува да биде финализирана до крајот на септември, бидејќи треба да биде одобрена од раководството на лигата.

Бруклин има сериозни амбиции за следната сезона, откако веќе се засили со слободните агенти Каири Ирвинг и Кевин Дурант. Цаи (55) е основач и извршен потпретседател на „Алибаба груп”, а неговото лично богатство, според „Форбс” е околу 9,9 милијарди долари.

Треба да знаете
Последни објави