Search

Официјално: Вилијан три години во Арсенал

Вилијан e ново засилување за Арсенал. Бразилскиот фудбалер стави потпис на тригодишен договор и ќе му се придружи на составот на Микел Артета.

32-годишникот има огромно искуство во Премиер лигата, каде што има 339 настапи за Челзи, но од клубот решија да не му го продолжат договорот.

Вилијан ќе биде засилување за нападот на Арсенал, каде што веќе на крилните позиции играат Сака, Обамејанг, Пепе и Нкетиа. Инаку, освен во Челзи, Бразилецот играше и за Коринтијанс, Шахтјор и Анжи.

https://www.facebook.com/Arsenal/videos/350732946109797/?t=1

Треба да знаете
Последни објави