Search

Официјално: Бешикташ потпиша со играч на Тотенхем

Францускиот крилен играч Жорж-Кевин Нкуду е официјално играч на Бешикташ, објави веб-страницата на турскиот клуб. 24-годишниот фудбалер преминува во Бешикташ од финалистот во Лигата на шампионите, Тотенхем.

Договорот на Нкуду со неговиот нов тим е за 4 години, а според неофицијални информации, „петлите” ќе добијат 5 милиони евра за фудбалерот.

Нкуду има 6 натпревари и 1 погодок за репрезентацијата на Франција до 21 година, но сè уште нема натпревари за сениорскиот тим на светските шампиони.

Треба да знаете
Последни објави