Search

Официјален состав: Тричковски и Стојановски во нападот, Зајков во одбраната

Репрезентацијата на Македонија денес од 18:00 часот го игра последниот натпревар во овој циклус, а наш противник ќе биде Ерменија.

Селекторот Игор Ангеловски се соочи со големи проблеми пред овој натпревар па затоа денес играме со прилично изменет состав. Ангеловски се реши да стартува со Влатко Стојановски и Иван Тричковски во нападот, зад нив ќе биде Трајковски. Во средината ќе играат Тотре и Костадинов, а по страничните позиции Ристовски и Бејтулаи. Тројката во одбраната беше и очекувана.

3-4-1-2 Шишковски – Муслиу, Велковски, Зајков – Ристовски, Тотре, Костадинов, Бејтулаи – Трајковски, Тричковски – Стојановски

Ќе потсетиме, нас во овој натпревар ни одговара и реми за да обезбедиме место во „Б“ лигата за наредната сезона од Лигата на нации.

Треба да знаете
Последни објави