Search

Официјален претставник на НАТО: Македонија ќе стане членка на пролет следната година

Македонија би можела да стане полноправна членка на НАТО до пролет во 2020 година, меѓутоа Алијансата ќе се обиде да го забрза процесот, изјави неименуван претставник на НАТО, на брифинг во седиштето на Алијансата во Брисел, пренесе новинската агенција „ТАСС“.

„Ние очекуваме сите земји членки на НАТО, во рок една година да го ратификуваат протоколот за пристапување на Македонија, така што Македонија би можела да стане членка на пролет следната година“, вели тој.

Претставникот на НАТО не можеше да каже дали процесот би можел да се затвори пред самитот на НАТО што ќе се случува во декември во Обединетото кралство, истакнувајќи дека тоа зависи од земјите членки.

Истовремено додаде дека НАТО очекува да прими официјално писмо од Скопје, во кое го известува дека процесот за промената на името е завршен.

Треба да знаете
Последни објави