Search

Отуѓената сопруга на Лари Кинг бара месечна финансиска поддршка од него

Отуѓената сопруга на познатиот телевизиски водител Лари Кинг, Шон, поднесе документи во суд со кои бара привремена сопружничка поддршка од него во висина од 33.100 долари месечно, во услови на турбулентен и долг развод.

Шон Кинг (60) во судските документи тврди дека нема никаков приход и сака Лари (86) да ѝ плаќа ретроактивно од август 2019 година, кога тој поднесе барање за развод, објави порталот ТМЗ во понеделникот.

Во документите е наведено дека таа се откажала од профитабилни работни места како ТВ-домаќин и манекенство за да биде дома и да ги воспитува нивните деца, и дека била финансиски зависна од поранешниот водител на Си-ен-ен во текот на нивниот 22-годишен брак.

Шон понатаму тврди дека Лари заработува повеќе од 1,9 милиони долари годишно од реклами. Таа го спомнува и неодамна потпишаниот договор  вреден 5 милиони долари како водител на поткаст „Милионското прашање“.

Треба да знаете
Последни објави