Search

Отстранувањето на Судан од листата на САД ќе го олесни надворешниот долг

Отстранувањето на Судан од американската листа на земји кои го спонзорираат тероризмот ќе и ги отвори вратите на земјата да го олесни надворешниот долг од 60 милијарди долари, изјави премиерот на Судан, Абдалах Хамдок. Хамдок имаше говор птреку државната телевизија откако американскиот претседател Доналд Трамп рече дека САД ќе го отстранат Судан од списокот, што претставува голема пречка за земјата во нејзините односи со меѓународните институции.

Трамп нагласи дека ќе го отстрани Судан од списокот на земји што финансираат тероризам, откако новата влада на таа земја исплати повеќе од 335 милиони долари обештетување на американските жртви.

– Новата влада на Судан, која бележи голем напредок, се согласи да исплати 335 милиони долари на американските жртви на тероризам и нивните семејства, напиша претседателот Трамп на својот профил на Твитер. Тој додаде дека кога парите ќе бидат уплатени, ќе го избрише Судан од списокот на земји што го спонзорираат тероризмот.

Треба да знаете
Последни објави