Search

Отсечената глава на свињата ставена во базата на СПАЛ

Непознати лица оставија свинска глава во близина на тренинг центарот на СПАЛ. До главата беше поставен транспарент со зборовите „Свињи од Ферара” одете си.

Клубот СПАЛ е од градот Ферара.

Претседателот на СПАЛ Валентина Фероци го осуди ваквото однесување.

– Јас немам проблем со протести, но има одредени начини да се стори тоа. Не знам кој го направи тоа, но користењето на отсечената глава на невиното животно е лош вкус и дефинитивно не е слика на фановите, изјави Фероци.

СПАЛ одамна ги изгуби шансите за опстанок во Серија А и по три сезони во елитната лига, следната ќе игра во Серија Б.

Треба да знаете
Последни објави