Search

„Отровното трио” на 22 септември закажа големо народно востание во Софија

Големо народно востание ќе се оддржи  на 22 септември во 17 часот на Плоштадот на независноста во главниот бугарски град, соопшти денеска „Отровното трио”, лидерите на антивладините протсети во Бугарија, јави БГНЕС.

-Независноста и слободата мора да се освојат, не можат да дојдат како подарок. Ова е причината што ги собираме граѓаните на Плоштадот на независноста, имено не ги викаме да слават како што е вообичаено, туку ги повикуваме граѓаните да дојдат на Плоштадот на независноста јасно и гласно да изјават дека повторно ја сакаме нашата независност, овој пат од мафијата, од корупцијата и подземјето, кои се во рацете на Борисов, рече адвокатот Николај Хаџигенов, еден од тројцата лидери на „Отровното трио”..

Тој најави дека на 22 септември ќе се слушнат петте приоритети кои, според нив, се неопходни за излез на Бугарија „од овој ќорсокак, во кој нè вовлече владата на Борисов”.
-Затоа што веруваме дека Бугарите сега се слободни граѓани не само за да го изразат својот став и негодување, туку утре ќе бидат слободни да ја направат својата земја подобра, послободна и подемократска, рече Хаџигенов.

Арман Бабикјан, исто така,, лидер на ова граѓансо протестно движење,  истакна дека вчера биле изненадени кога дознале  дека Бојко Борисов одлучил дека може да води разговори или преговори со „Отровното трио”.

-Должни сме да дадеме прецизен и јасен одговор. Нема да има преговори со Бојко Борисов. Од него барама да си подднесе оставка, а потоа да се закажат парламентарни избори. Ние веруваме дека ова е легитимен начин за решавање на кризата во Бугарија. Тогаш нема да има преговори, туку разговори со бугарскиот народ, бидејќи тој е суверен и тој суди чија експертиза е достојна, кому му веруваат и кого одлучил да го испрати во Бугарското национално собрание, рече Бабикјан.

На 22 септември, Бугарија го слави Денот на независноста, што во 1908 година го објавил кралот Фердинанд Први.

Треба да знаете
Последни објави