Search

Откријте кои витамини се неопходни за нега на вашата кожа

Кога е во прашање здрава и негувана кожа, повеќето од нас се фокусираат на хидратација на нејзиниот површински слој, меѓутоа, тајната на здравата кожа се крие длабоко под нејзината површина.

Козметиката со која ја негуваме кожата е многу важна, но, витамините со кои ја храниме, како исхраната и суплементите се многу поважни.

Витамините ја имаат главната улога во здравјето на кожата. Тие влијаат на нејзиното здравје, но и одлично делуваат на естетските проблеми на кожата, како што е нејзината еластичност и намалена појава на целулит или стрии.

Витамините се органски соединенија, неопходни за раст и развој на целокупниот човечки организам. Одредена група на витамини се грижат за здравјето на нашата кожа, произведување на колаген и воопшто на нејзина регенерација.

Ви носиме список на витамини и суплементи кои ѝ се неопходни на кожата:

1. Витамин Д

Витаминот Д активно учествува во растот и созревањето на ќелиите на кожата. За жал, повеќето од нас имаат недостаток на овој витамин во организамот. Можете да го внесувате преку исхрана, така што ќе јадете риба или преку таблети, во консултација со лекар.

2. Рибино масло

Рибиното масло е богато со омега 3 масни киселини, кои се одговорни за сјај на вашата кожа. Овие киселини ќе ги ублажат воспалителните процеси на кожата и ќе ја намали иритацијата и црвенилото. Консумирањето на рибино масло, значително помага и во борбата против акните.

3. Биотин

Биотинот е витамин Б, растворен во вода. Недостатокот на витамин Б им штети на вашите кожа и нокти, а на кожа ѝ предизвикува црвен осип и затоа е потребно да го внесувате во организамот преку исхрана или суплементи.

4. Витамин А

Витамин А е вистински избор за одбрана од кожните оштетувања и стареење. Ретинол, тоа е дериват од витамин А, ефикасен е во борбата против борите и ја прави кожата помлада. Меѓутоа, со овој витамин мора да бидеме внимателни, бидејќи прекумерната количина е токсична. Затоа внесувајте го само преку исхрана или користете креми со ретинол.

5. Витамин Ц

Покрај своите антиоксидантни својства, витаминот Ц влијае на подобрување на еластичноста на нашата кожа. Со здравата исхрана, многу е едноставно да ја обезбедите потребната количина на витамин Ц.

6. Витамин Е

Витаминот Е е најзастапен во производство на козметичките производи за нега на кожата. Тој ефикасно ја штити нашата кожа од штетното влијание на сончевите зраци.

Доколку својата кожа ја храните со потребните витамини, таа ќе биде здрава, затегната и беспрекорно чиста и одлично ќе се чувствувате во неа.

Треба да знаете
Последни објави