Search

Откриен тунел од Појасот Газа кон Израел

Израелската армија соопшти дека милитантите во Појасот Газа ископале тунел длабок неколку десетици метри, кој минувал под безбедносната ограда околу таа палестинска територија, кој бил откриен со помош на подземни сензори.

Неколку часа откако беше објавено, израелските сили за противракетна одбрана пресретнаа ракета истрелана од Газа, соопшти армијата.

Исто така беше соопштено дека борбени авиони и хеликоптери за нападот „ја погодиле подземната инфраструктура” на милитантната група Хамас.

За сега нема извештаи за жртви во ниту еден од нападите.

Треба да знаете
Последни објави