Search

Откриен администраторот на „Јавна соба“

Полицијата го откри администраторот и ги има телефонските броеви на членовите на затворената група „Јавна соба” на социјалната мрежа „Телеграм” на која се објавувани фотографии со експлицитна содржина, потрврдија за МИА извори од истрагата.

Станува збор за околу 7.400 телефонски броеви на членови на „Јавна соба”. Истрагата што ја води Бирото за јавна безбедност продолжува, но повеќе детали засега не се откриваат.

Претходно, МВР соопшти дека се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот со затворената група на „Телеграм” која споделувала фотографии и видео од девојчиња со интимна содржина.

-Веднаш по добиената пријава преземени се мерки и активности за расчитување на случајот. Секторот за компјутерски криминал и форензика веднаш контактира со мрежата „Телеграм”, со цел добивање на потребните податоци околу функционирањето на оваа група и воедно го известивме за содржинте што се објавени, информира за МИА портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Тој додаде дека е известено и Јавното обвинителство и дека се преземаат мерки за расчистување, а воедно апелира до граѓаните да пријават во полицијата злоупотреба на фотографии не само за овој, туку и за кој било друг случај.

 

Треба да знаете
Последни објави