Search

Откриено од што умрел Карл Лагерфелд

Едно од највлијателните имиња во модната индустрија, Карл Лагерфелд, умрел вчера на 86 години, а сега е откриено и од што.

Како што пренесуваат светските медиуми, Лагерфелд починал од рак на панкреасот, од кој креативниот директор боледувал веќе некое време.

Се пренесува дека Карл никогаш не зборувал за својата болест, како и дека со неа се борел “лавовски и во тишина”.

Се занимавал со спорт, се хранел здраво, а веста за тоа дека боледува од рак за него била голем шок, открил извор близок на Лагерфелд.

Поради болеста пропуштил две ревии на “Chanel” во Париз минатиот месец. Како причина од модната куќа навеле дека Карл се чувствува уморно.

Треба да знаете
Последни објави