Search

Откриено е кој ќе ѝ биде десна рака на британската кралица

Кралицата Елизабета Втора назначи офицер на кралските маринци за нејзин „коњаник“, една од најважните позиции во кралското домаќинство.

Голем број на национални медиуми во Британија, вклучувајќи го и „Мирор“, открија дека мајорот Том Вајт ќе ја заземе позицијата десна рака на кралицата, следниот месец.

Разбирливо е што местото „коњаник“ на нејзиното височество се менува на секои три години и се смета за голема чест, не само на поединецот, туку и на службата.

Мајор Вајт, кој има околу триесет години, се приклучи на Кралските маринци во 2007 година и е почитуван офицер со солидно искуство.

Ова назначување, спред „Мирор“, им даде многу потребен поттик на кралските маринци откако принцот Хари се оддалечи од својата улога како капетан на маринците претходно оваа година.

Висок извор од маринците за „Сандеј тајмс“ изјави: „Том е суперarвезда и ова е многу значајно назначување од нејзиното височество“.

 

Треба да знаете
Последни објави