Search

Откриени 9 комбиња со претовар на патници во Гостивар

На 16.04.2019 година во периодот од 06.00 до 09.00 часот во Гостивар е спроведена акциска контрола со која биле опфатени 35 возила (комбиња) кои вршат јавен превоз. Притоа, откриени се девет возила со претовар на патници, осум возачи без лекарско уверение, три возачи без положен возачки испит, еден со несоодветна категорија, две нерегистрирани возила и еден возач кој не ја прилагодил брзината според условите на патот. Констатираните прекршоци биле санкционирани со законски предвидените поднесоци. На 16.04.2019 година на тетовското подрачје, исто така, спроведени се засилени контролни активности во кои биле откриени вкупно 42 прекршоци, најмногу погрешно, односно непрописно паркирање (19). Покрај ова, утврдено е дека седум лица ги управувале возилата без возачка дозвола, шест возила имале истечена регистрација, пет биле технички неисправни, седум возачи- почетници не се придржувале на законските ограничувања и друго.

Треба да знаете
Последни објави