Search

Откриени 48 мигранти во камион кај Гевгелија

На 18.07.2019 во 13.30 часот кај базата на „Македонија пат“-Гевгелија, полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило „Мерцедес Атего“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.В.(26) од Скопје.

Возилото не застанало и во близина на село Грчиште, Ж.В. го запрел возилото и почнал да бега, но набргу потоа бил пронајден и лишен од слобода.

При прегледот во возилото биле пронајдени 48 лица-мигранти, од кои 38 лица од Пакистан и 10 од Бангладеш. Возачот Ж.В. бил предаден во Полициската станица Гевгелија и по целосно докуменирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави