Search

Откриени 16 мигранти, криумчарите избегале

Полицијата открила шеснаесет мигранти во село Табановце и Лојане, информираше МВР.

Според полицијата, вчера околу 7.35 часот на автопатот Табановце- Куманово автомобил  „мерцедес“ не застанал на даден знак и се упатил кон граничниот премин Табановце.

-По преземени мерки, во 8.20 часот во село Табановце, на место викано „Чивлук“, бил пронајден  „мерцедесот“, сопственост на М.А.(28) од село Батинци, а во негова близина била пронајдена и група од десет мигранти од кои шест од Пакистан и четворица од Сирија. Дополнително, во близина на село Лојане биле пронајдени пет мигранти од Ирак и еден од Иран. Миграните биле пренесени во транзитниот центар Табановце. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави