Search

Откриени нови детали: Убиецот од БиХ подготвувал масакр

Полициските службеници и двајца обвинители од Кантонот Сараево завршија со увидот доцна синоќа на местото на кое беше ликвидиран убиецот Един Гачиќ. Како што дознава „Клих.ба“, тој бил исклучително добро опремен и вооружан кога влегол во престрелката со полицијата.

Како што пишува порталот, за време на престралката убиецот користел пиштол кој го зел од една од неговите жртви, полицаецот Махир Бегиќ.

Количината на муниција пронајдена кај него откако е ликвидиран, покажува дека бил добро опремен и се подготвувал за крвава пресметка, заклучува порталот.

Полицијата и обвинителите работеле под тешки околности поради силниот снег, непристапниот терен и мракот. Увидната екипа морала да пешачи 45 минути по патот прекриен со снег, бидејќи на теренот немало пристап за возила.

Во текот на денот ќе биде издадена наредба за извршување на обдукција на телото, за да се утврди од кои повреди починал мажот, по што случајот ќе биде затворен, а истрагата ќе биде завршена бидејќи мажот е убиен.

Серискиот убиец,Един Гачиќ беше ликвидиран вчера по неколку дневно бегство. Откако го пронашла полицијата дошло до престрелка во која еден полициски службеник се здоби со полесни повреди.

Треба да знаете
Последни објави