Search

Откриени десет мигранти во српски автомобил

Десет мигранти открила полицијата во автомобил со српски ознаки, вчера на автопатот Гевгелија-Скопје, информираше МВР.

„На 10.11.2018 година околу 1.45 часот во близина на село Прдејци, од страна на полициски службеници бил забележан автомобил „Мицибуши“ со српски национални ознаки во кое влегувале мигранти. На возилото му било дадено знак да запре, но истото со голема брзина го продолжило движењето кон Скопје. Кога возилото пристигнало кај Демир Капија запрело и од него излегле две лица. При преглед на возилото, пронајдени биле десет мигранти, од кои девет лица од Пакистан  и едно лице од Авганистан, без документи за идентификација, велат од МВР“.

Лицата биле приведени во Полициската станица Неготино за понатамошна постапка. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави