Search

Откриена турско-германска банда измамници, глумеле дека се полицајци

Властите во Германија и Турција рано утринава спровеле рација во рамките на заедничката истрага за банда измамници кои се претставувале како полицајци и  лажеле повозрасни лица.

-Во западногерманската сојузна држава Северна Рајна Вестфалија приведени се три лица, а повеќе од 20 други во Турција, изјави портпаролот на полицијата во Оснабрук.

На медиумите им беше соопштено дека меѓу уапсените во Турција се наоѓал и лидерот на бандата.

Бандата наводно од жртвите на измамите извлекла повеќе од три милиони евра во околу 100 одвоени акции спроведени во Германија, главно во западниот дел од земјата.

Турската агенција Анадолија јавува дека криминалците воспоставиле лажен кол центар наменет за повозрасни лица, во кој се претставувале како полицајци и вработени во државното обвинителство.

Рациите биле спроведнеи во германските градови во Северна Рајна Вестфалија, главно во Келн, Дортмунд и Оснабрук.

Во Турција, пак, полицијата извела рации во покраината Анталија, во Истанбул и покраината Мугла, јави Анадолија.

Треба да знаете
Последни објави