Search

Откриена измама со огревно дрво – пријави за три лица

Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Н.С.(49) од дебарското село Мал Папрадник поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело ,,несовесно работење во службата“, М.А.(51) од тетовското село Желино за казненото дело „соизвршителство“ и против А.К.(23) од струшкото село Велешта за казненото дело ,,фалсификување и уништување деловни книги”.

Првопријавениот вработен во Јавното претпријатие „Македонски Шуми-Стогово“, како референт овластен да издава испратници и да жигосува дрва, му овозможил на второпријавениот, во негово отсуство, неовластено да жигосува огревно дрво бука во количина од 24 метри просторни. Третопријавениот, како управител на фирма, иако знаел за нивниот меѓусебен договор, сепак издал испратницата за транспорт на дрвата со невистинита содржина и со печат од фирмата ги заверил потребните документи.

Треба да знаете
Последни објави