Search

Откриена една од тајните на КГБ: Путин од шпионите учел како да се движи, а еве зошто секогаш ја држи десната рака покрај телото

При движењето Путин секогаш ја држи десната рака покрај телото, односно прави минимални движења со неа, а за тоа постои добра причина.

Претседателот и премиерот на Русија, Владимир Путин и Дмитриј Медведев секојдневно се под лупа на повеќето светски медиуми. Нивните изјави, посети на странски земји, реакциите на најразлични настани во светот, аналитичарите редовно ги анализираат и проучуваат.

Така во британските медиуми се појавил текст во кој се анализира дури и начинот на одење на двајцата лидери. Британски медиум пишува дека специфичниот чекор на Путин всушност го научил во текот на кариерата во КГБ.

Станува збор за тоа дека при одењето Путин секогаш ја држи десната рака покрај телото. При движењето, десната рака минимално се поместува и речиси секогаш е покрај телото. Секако, постои и јасна причина за таквиот начин на одење. Десната рака не се движи многу за да може во секој момент да посегне по оружје.

Покрај Путин, таквиот начин на одење го усвоил и премиерот Медведев, иако не минал обука во разузнавачките или воени служби. Покрај него, на ист начин се движат и други високи службеници, а како што наведува британскиот весник, “револверашки чекор” имаат за да го имитираат претседателот.

Инаку, професорот по неврологија од Холандија, Бастијан Блоем, по анализа на чекорот на претседателот, рекол дека можеби Путин боледува од Паркинсонова болест.

Треба да знаете
Последни објави