Search

Откриена вистината како всушност биле спасени децата од пештерата Там Луанг во Тајланд

Во средината на минатата година целиот свет стравуваше дали младите фудбалери од Тајланд и нивниот тренер ќе успеат да се извлечат од потопената пештера Там Луанг, каде што беа заробени повеќе од една недела. Децата не знае да пливаат, почетокот на сезоната на монсуните се доближуваше, и тунелите од пештерата се темни, полни со кривини и калливи, така што дури и за најискусните нуркачи се предизвик. Операцијата за спасувањебеше успешно завршена, но акцијата не се одвиваше така како што пренесуваа медиумите.

Британскиот истражувачки новинар Лиам Кокрајн ги откри непознатите детали за драмата, но и она за што спасувачите го излажаа целиот свет, како и родителите на децата.

Она што на сите им било јасно дека спасувањето носи голем ризик, односно, освен децата моѓеа да настрадаат и нуркачите кои би ги спассувале.

За да ги смират родителите им било кажано дека ќе ги обучуваат момчињата да пливаат, како што сите медиуми објавија. Сепак, оние кои биле во пештерата знаеле дека момчињата кои никогаш не  нуркале ниту пливале претходно нема да можат да се извлечат преку калливите и заматени тунели. Единствениот начин беше да им се дадат седативи за да ги заспијат и да им стават маски со кислород за да можат нуркачите да ги извлечат.

Клучно било маските цврсто да се вклопуваат за да не се изместат, па проблемот бил големината на маските. Од десетиците маски, само четири биле за деца, но прашањето било дали и тие би биле погодни за најмладите момчиња.
Проблемот, исто така, беа седативите. За да ги успијат, мораа да бараат специјалист. Изборот падна на двајца искусни нуркачи од Австралија – анестезичар доктор Ричард Харис (познат како д-р Хари) и неговиот пријател д-р Крег Кален, пензиониран ветеринар.
Д-р Хари, кој вообичаено одржува обука за нуркање за спасувачките екипи, имал деликатна задача да ја одреди количината на лекови што момчињата треба да ги примат за да останат во сон три часа додека не стигнат до површината. Знаејќи каков ризик преземаат  и двајцата бараа дипломатски имунитет од тајландската влада. Имаше вистинска опасност дека некое од момчињата ќе загине, а за што не сакаа да сносат одговорност.

За д-р Хари, клучното прашање било кој коктел од лекови е вистинскиот. Бидејќи таква операција никогаш не била извршена, лекарот не можел да се потпре на претходно постоечките препораки. Тој одлучи прво да им даде на момчињата таблета од анксиолитикот Ксанакс за да ги ослободи од страв, потоа инјекција кетамини во ногата (пет милиграми за килограм) за да ги успие. Кетаминот делува брзо, но трае само еден час, поради што нуркачите во текот на акцијата требаа да им инјектираат веќе подготвени инјекции.

Третиот лек кој момчињата го примиле исто така бил инјектиран во ногата и тоа Атропин, чија функција е да го намали производството на плунка од која би можело да се удават. Д-р Хари не бил сигурен дека коктелот на лекови што ги подготвил ќе биде ефективен. Подоцна признал дека во еден момент мислел дека шансите за успех биле нула. Дури и најголемите оптимисти не очекуваа дека ќе ги извлечат сите момчиња.

 

Кога им беше соопштен планот, момчињата во пештерата не се уплашиле ниту, пак, почнале да плачат. Тие само сакале да излезат. Нуркачите побараа од нив да напишат пораки до нивните семејства, а кои ќе бидат однесени на површина пред нив, така што ако не успеат да излезат, нивните родители би можеле да ги добијат последните зборови на нивните деца. Писмата биле  напишани на посебен вид водоотпорна хартија.

Прв кон површината тргнал 14 годишниот Ноте, на кого д-р Парк му дал таблета, а д-р Хари му дал инјекција. На момчето му беше облечен заштитниот костум и му ставија маска. Спасувачите му ги врзаа рацете, а потоа му врзаа јаже зад грбот за да се осигурат дека момчето ако се разбуди откако ќе престане дејството на кетаминот престана се обиде да се оврзе. Британскиот нуркач Џејсон Мелисон доброволно се јави да го пренесе Ноте, чија состојба на неолку места била контролирана. Се се одвивало по планот, а во акцијата учествувле околу сто луѓе.

Првиот ден од акцијата само четвртото момче лошо реагирало на лековите поради што на кратко време била прекината операцијата. По половина час и нова доза на лекови, тој бил подготвен да оди на површината.
На вториот ден од акцијата уште четири момчиња беа спасени на ист начин, но тоа не беше толку едноставно. Еден од нив почнал да се буди додека нуркачот Џејсон Мелисон го носел кон површината. Тој успеал да му даде инјекција на кетамин, а момчето откко излегле на површна не се сеќавало на ништо.

На последниот ден од акцијата, додека спасувачите брале поради претстојните монсунски дождови, проблем  претставувало извлекувањето на најмалото момче за кое немало маска со соодветна големина. Пронајдена била една за која никој не бил сигурен дека ќе одговара, но спасувачите мораа да ризикуват и успеаја.

Треба да знаете
Последни објави