Search

Откако јавно се пожали, Нина Бадриќ доби понуда за работа: За два дена вадиме компири, дојди ако сакаш да работиш!

Обраќањето на Нина Бадриќ во кое од властите на Хрватска бараше на музичарите да им се овозможи повторно да работат привлече големо внимание, а на Фејсбук една жена дури и понуди работа.

„Еве за два дена ќе ги вадиме компирите, триесет хектари, во околината на Бјеловар и потребни ни се работници. Плаќаме 300 куни (околу 40 евра) на ден. Ве молам од редакцијата да и јавите на дотичната ако сака да работи. Може да ја поведе и Маја (Маја Шупут), Северина, модниот мачор (Марко Грубниќ) и сите што земаа помош од 4.000 куни (околу 500 евра). Само порачајте и да не доаѓа во дизајнерскиот фустан од 14.000 куни (околу 1.800 евра), со кој се фалеше пред неколку месеци зашто врнеше многу дожд деновиве и прилично е калливо“, порачала жената.
Преземено од Слободен Печат

Треба да знаете
Последни објави