Search

Отказот на Зидан ќе го чини Реал 80 милиони евра

Најтрофејниот клуб со европски титули, шпанскиот Реал Мадрид новата сезона во фудбалската Лига на шампионите ја почна со убедлив пораз од 3:0 на гостувањето кај ПСЖ, но и разочарувачка игра, која ја подгра атмосферата за смена на трофејниот стратег Зинедин Зидан. Ако „кралевите“ се одлучат за ваков потег предвреме да го раскинат тригодишниот договор со Французинот, ќе треба да платат отштета од 80 милиони евра !

Реал на овој натпревар не упати ниту еден удар кон голот на ПСЖ, нешто што му се нема случено на кралскиот тим во последните 15 години, па затоа се погласни се најавите во медиумите дека деновите на Зидан кој беше донесен како спасител, му се изброени.

Се шпекулираше дека кандидат за негов наследник е Жосе Мурињо.

 

Треба да знаете
Последни објави