Search

Отказите на четворица тренери по заминувањето на Фергусон скапо го чинат Манчестер јунајтед

Многу сако ги чинат отказите на тренерите кај англискиот фудбалски премиерлигаш  Манчестер јунајтед по заминиувањето на Сер Алекс Фергусон, кој беше незаменлив на „Олд Трафорд“ во перидот од 1986  до 2013 гдоина. Под водство на Фергусот, Манчестер јунајтед има освоено 13 од вкупно 20 титули англиски шампион. Наследник на трофејниот тренер на „Олд Трафорд“ не е изнајден, а тоа ги чини „црвените ѓаволи“  скапо. За четворица  избркани тренери  треба да плати отштета околу 38 милиони фунти.

Последен предвремен раскин на догворот доби Норвежанецот Оле Гунар Солскјер  на кого Манчестер јунајтед ќе треба да му исплати отштета од околу 7,5 милиони фунти.

Фергусон беше заменет од Дајвид Мојс во јули 2013 година, кој мораше да замине по само десет месеци, а му беа исплатени 7 милиони фунти. По него дојде Луис ван Гал, а и тој за две години од 2014 до 2016 не освои шампионска круна и си замина порано од договорот, па доби отштета 8,4 милиони фунти. Следен беше Жозе Мурињо кој ја продолжи низата неуспеси па и тој доби „шут-карта“ која го чинеше Манчестер јунајтед најмногу, дури 15 милиони фунти како отштета за отказот во декември 2018 година.

 

Треба да знаете
Последни објави