Search

Откажан тренингот на Нант и забрана за фудбалерите да даваат изјави за исчезнатиот авион на Сала

 Досегашниот клуб на Емилијано Сала, Нант го откажа денешниот тренинг поради ситуацијата со исчезнувањето на авионот во кој вчеравечер кон Кардиф замина нивниот досегашен клупски колега.

Дваесет и осумгодишниот Аргентинец пред три дена за 20 милиони евра потпиша за Кардиф. Приватниот авион со кој Сала се превезуваше исчезна од радарските екрани на англиската контрола за летање.

Операцијата за пребарување на Британците и Французите сé уште е без резултати.

Како што објавија француските медиуми, денешниот тренинг на Нант е откажан, по заедничкиот појадок на играчите и тренерите. Во исто време, менаџментот на клубот им забрани на фудбалерите да даваат коментари на медиумите пред да добијат официјални информации од властите.

Претседателот и директорот на Нант се наоѓаат во Париз, од каде се координирана работата на тимовите за пребарување.

Англиските медиуми пишуваат дека малиот приватен авион со новиот фудбалерот на Кардиф, Емилијано Сала побарал итно слетување пред да исчезне од радарот.

Дел од британските медиуми повикувајќи се на извори во полицијата, објавија дека пилотот на авионот кој вчеравечер летал на релација Нант – Кардиф побарал итно слетување на аеродромот Гернси непосредно пред да исчезне.

Во информацијата се вели дека во моментот на барањето з аитно слетување, авионот бил на надморска височина од 1.500 метри над Ла Манш, а од радарските екрани исчезнал на надморска височина од 700 метри.

Француски и британски се во потрага по авионот, но засега операцијата е без успех.

За потсетување, 28-годишниот аргентински фудбалер Сала се согласи на трансфер од Нант во Кардиф за 20 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави