Search

Откажани премиери на кинески филмови поради корона вирусот

Неколку филмови што требаше да почнат со прикажувње на кинеската Нова година (CNY) се откажани во обид да се спречи ширење на смртоносниот коронавирус.

Филмските студија во Кина преку социјалните медиуми објавија дека ја откажуваат светската премиера на филмовите Vanguard (на Џеки Чен), Detective Chinatown 3 (на Ван Баокианг), The Rescue на Еди Пенг и Legend of Deification.

Филмовите требаше да започнат со прикажување во текот на викендот на кинеската Нова година (25 јануари). Нема најави за нов датум на премиерите.

Според новинските извештаи, кинеските здравствени власти соопштиле дека вирусот кој прв пат се појави во Вухан, метропола со 11 милиони жители, прераснал во епидемија.

Овие филмови нема да почнат да се прикажуваат ниту во Сингапур.

Кетај Синеплекс објави соопштение непосредно по најавите во Кина: „Поради избувнувањето на белодробната болест предизвикана од корона-виросот во Кина, со жалење ве информираме дека кинеските студија донеле тешка одлука да ги одложат светските премиери на филмовите Vanguard, Detective Chinatown 3, The Rescue, и Jiang Zi Ya: Legend of Deification.“

Треба да знаете
Последни објави