Search

Откажани двете седници на претседателството на БиХ

Редовната седница на Претседателството на БиХ што беше закажана за денеска заврши пред и да почне, а на нејзиниот дневен ред требаше да се најде усвојувањето на Годишниот национален план (АНП), документ што го бара НАТО за да може да биде активиран Акцискиот план за членство (МАП) на БиХ во оваа организација.

Претседавачот со Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, на новинарите во Сараево им потврди дека на консултациите пред седницата од дневниот ред бил симнат Националниот план, бидејќи немало согласност за овој документ.

-Тогаш се одлучи да се откаже и редовната и вонредната седница на Претседателството на која требаше да се изјаснуваме за именување на нов претседавач со Советот на министри на БиХ, појасни Комшиќ.

Овој документ воедно стана и камен на спрепнување меѓу политичките лидери, што дооплнително го забави процесот на формирање на власта на државно ниво по парламентарните избори, што во оваа земја се одржаа во октомври минатата година.

Треба да знаете
Последни објави