Search

Откажана изведбата на мјузиклот „Мама миа“ во МНТ

Мјузиклот „Мама миа“ што требаше да се изведе по повод денот на виното и вљубените на 14-ти февруари во 20 часот, се откажува поради прогласениот ден на жалоста, соопштија од Македонскиот народен театар.

„Следната изведба на мјузиклот е закажана на 11 март во 20 часот, а билетите кои публиката ги купи за изведбата на 14-ти февруари, ќе важат за изведбата на 11-ти март“, велат од МНТ

Поради тешката сообраќајна несреќа, денешниот и утрешниот ден се прогласени за денови на жалост. МНТ изрази длабоко сочувство за смртта на загинатите.

Треба да знаете
Последни објави