Search

Откажана е телевизиската дебата помеѓу Тереза Меј и Џереми Корбин

Телевизиска дебета меѓу британската премиерка Тереза Меј и опозицискиот лидер Џереми Корбин нема да се одржи во пресрет на гласањето за брегзит во парламентот на 11 декември.

Откако Би-би-си објави дека се откажува од својот план да ја пренесува дебатата, која требаше да се одржи во недела, приватниот канал „ITV“ соопшти вчера дека исто така се откажува од својот план.

Приватниот канал одлучи да се откаже откако двете страни со денови се препираа околу тоа дали ќе ја прифати нивната понуда или понудата на Би-би-си, објави Прес Асоциацион (PA).

Меј сакала да се појави на Би-би-си за да го објасни својот договор за брегзит, кој го прифатија останатите 27 членки на ЕУ, а за кој во вторник ќе одлучува долниот дом на британскиот парламент.

Лидерот на Лабуристичката партија, Корбин беше на „ITV“, додека пак Даунинг стрит ја преферирал Би-би-си. Двете страни се обвинуваат една со друга дека се исплашиле од телевизиска дебата.

„ITV“ планирал дебата меѓу Меј и Корбин лице во лице, додека Би-би-си планирал вклучување на повеќе политичари со партиските лидеир.

Треба да знаете
Последни објави