Search

Отежнат сообраќајот на патот Кавадарци-Прилеп

Поради сообраќајка претпладнето од 10:10 часот на патниот правец Кавадарци- Прилеп сообраќајот се одвива наизменично по една лента. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите поради можност од појава на одрони. Тоа однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Треба да знаете
Последни објави