Search

Отворен првиот RETAIL PARK во општина Бутел

Денеска и официјално се отвори најавуваниот прв Retail Park во Македонија – Point Retail Park. По повод отварањето на прес конференцијата присуствуваа градоначалникот на Општина Бутел, г. Велимир Смилевски, сопственикот и инвеститор г. Али Ќаили, како и генералниот директор на ФОРТОН МКА/ Cushman & Wakefield ексклузивниот лизинг агент, г. Влатко Богоевски.
“Општина Бутел е навистина горда што првиот Retail Park во Македонија се отвара токму тука. Јас како градоначалник сум особено горд што со оваа инвестиција ќе се влијае на локалниот економски развој на општината и ќе влијае на нејзина модернизација. Сигурни сме дека оваа инвестиција ќе ги привлече сите граѓани од Скопје и другите градови од регионот да бидат редовни посетители.” – изјави градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски.
Сите посетители во Point Retail Park ќе можат да уживаат во шопинг на познати брендови како LC Waikiki, Sport Vision, KFC, JYSK, NEPTUN, Зегин, Сара Фешн, LTB, Шатци парфимерии, Спортекс, КРШ, Д Спортска опрема и други. Во склоп на Point Retail Park ќе има и ексклузивен ресторан, супермаркет КИТ-ГО, игрoетка и продавница за деца КРШ на површина од 2500 м2.
Point Retail Park се наоѓа во Општина Бутел, поранешно ТИПО, на раскрсницата помеѓу булевар Словенија и Македонско – Косовска бригада.

Треба да знаете
Последни објави