Search

Отворениот ден во Џевахир Скај Сити привлече над стотина заинтересирани идни станари

Над стотина заинтересирани купувачи во саботата, во рамките на организираниот „отворен ден“, ја искористија ексклузивната можност да влезат во комплексот Џевахир Скај Сити, да ги разгледаат становите кои се нудат на продажба и на лице место да ги добијат сите потребни информации кои ќе им помогнат полесно да донесат одлука и да станат дел од приказната Џевахир Скај Сити. Посетителите на овој начин можеа да се уверат за придобивките кои животот во овој вид голем станбен комплекс ги нуди, како што се удобност, безбедност и организација.

Во комплексот од четирите највисоки згради во земјава – Џевахир Скај Сити, моментално на продажба се становите во кулите А и Б. Во кулата А, од 33 до 38 кат се нудат комплетно опремени двособни станови – од 51 м2 и 63 м2 и трособни станови – од 77 м2. Во овие станови, освен што се целосно опремени бањите и кујните, што подразбира и модерна бела техника, со седечки гарнитури, трпезариски гарнитури,  гардеробери, спални кревети и друг мебел се опремени и сите соби, со што нудат можност за вселување веднаш. Дел од овие станови може да бидат и паметна инвестиција за оние на кои во моментов станот не им е потребен за живеење, бидејќи се нудат и со постоечки договори за закуп.

Во кулата Б, пак, преoстанати за продажба се четирисобните станови (98 м2) опремени со кујна (без бела техника) и гардеробери во претсобјето и истите се веднаш вселиви.

Џевахир Скај Сити има модерно дизајниран простор за живеење, одлични градежни перформанси, висока енергетска ефикасност, сопствен систем за греење и ладење, заштитата од пожари и постојана контрола на влезот, модерни и високо ефикасни лифтови, а обезбедува и целосна функционална поврзаност на просторот за живеење со останатите удобности – базенот, теретаната, гаражата и трговскиот центар кој е во изградба.

Комплексот наскоро на продажба ќе го понуди и станбениот простор во кулата Ц.

 

 

Треба да знаете
Последни објави